English French German Macedonian

Одбележан Светскиот ден на поезијата

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола и Битолскиот книжевен круг денеска го одбележаа Светскиот ден на поезијата.

На почетокот на средбата се обрати директорот на библиотеката м-р Бојан Стефановски кој рече „Светскиот ден на поезијата е можност да се сврти вниманието на секој жител на планетата кон единствената карактеристика на поезијата, допирање на најдлабоките жици на душата во една личност, будење на креативни способности и одговарање на какви било духовни прашања. Многу луѓе го наоѓаат својот мир и релаксација во поезијата, благодарение на поетскиот збор, учат да се разберат себеси, во своите мисли и емоционални искуства.

Овој ден е еден вид поттик за развој не само на поезијата, туку и на другите видови уметност, бидејќи во настаните е вклучена каква било креативна насока, било да е тоа танц или музика“.
Секоја година, 21 Март е резервиран за одбележување на три големи настани. Освен што ќе и кажеме големо “Добредојде” на пролетта, на екологијата и ќе го прославиме и Светскиот ден на поезијата.
Една од повеќето причини зошто се означува токму Светскиот ден на поезијата, е одржување во употреба на усмениот рецитал. На овој начин се обновуваат и дијалозите помеѓу поезијата и другите уметности.

Одлуката токму 21 март да се прославува како Светски ден на поезијата била усвоена во Париз во 1999 година. Оттогаш, овој ден се прославува со книжевни собири низ целиот свет од страна на поетите кои испраќаат пораки во чест на стиховното творештво.

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола и Битолскиот книжевен круг даваат поддршка на поезијата, враќање на усната традиција на поетски рецитали, промоција на едукацијата за поезијата, обновување на дијалогот меѓу поезијата и другите уметности (театарот, танцот, музиката, сликарството), поддршка на малите издавачи и создавање атрактивна слика за поезијата во медиумите.
Повеќе фотографии од овој настан на следниот линк: НУУБ-Facebook

Сподели на Facebook