English French German Macedonian

Одбележување на 26 Февруари - Интернационалниот ден на бајките

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Денес, по повод Интернационалниот ден на бајките, партнерите од конзорциумот кои работат на проектот „Sasas Jekhvar Jekh- Си беше еднаш…“ одржаа состанок. Претставници од секоја држава партнер читаа бајки, па така имавме можност да слушнеме бајки од Турција, Грција, Бугарија, Романија, Германија и се разбира од нашата држава. Претставникот од НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола, Јелена Петровска, прочита македонска бајка насловена како „Волшебниот прстен“. Средбата беше онлајн и претставува одлична можност да се слушнат бајки од различни држави и да се ужива во нив.  Проектот е финансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата.
Commemoration of 26 February - The International Fairy-tales Day

Today, to commemorate 26 February - The International Fairy-tales Day, the partners from the consortium who work on the project "Sasas Jekhvar Jekh - Once upon a time..." had a meeting. Representatives of each partner country read fairy-tales, so we had the opportunity to hear fairy-tales from Turkey, Greece, Bulgaria, Romania, Germany and  our country, of course. The representative from NIUL "St. Kliment Ohridski" - Bitola, Jelena Petrovska, read a Macedonian fairy-tale titled "The magic ring". The meeting was online and it was a great opportunity to hear fairy-tales from different countries and enjoy them. The project is funded by the European commission through the Erasmus + programme.
Повеќе фотографии за овој настан, ќе најдете на следниот линк: Facebook фотографии

Сподели на Facebook