English French German Macedonian

Библиотеката учесник на дебата на тема “Родова еднаквост на жените и насилство, приоритет или предизвик“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Македонското научно друшто – Битола во соработка со Правен факултет при УКЛО – Битола по повод Меѓународниот ден на жената 8. Март, одржа научно-стручна дебата на тема “Родова еднаквост на жените и насилство, приоритет или предизвик“, онлајн на “Google Meet“ платформата.
Целта на настанот беше да се развие дискусија за нивото на родова еднаквост кај нас, пред се од аспект на заштитата од насилство врз жените.
Исто така, на дебатата се направи обид да се даде одговор на прашањата:
Дали нашето општество ја сфаќа сериозно потребата од родова еднаквост? Колку истото е подготвено вистински да ја спроведе? Дали заштитата од насилство на жените е само приоритет на хартија и дали истото се уште е предизвик, вели претседателката на МНД Битола, д-р Невена Груевска.
Покрај поздравниот говор на претседателката на МНД, доц. д-р Невена Груевска, свои излагања имаат и м-р Фатиме Фетаи, јавна обвинителка; м-р Наташа Бошкова, адвокатка (Коалиција Маргини); м-р Бојана Јовановска, проектна координаторка (Хелсиншки комитет за човекови права); и м-р Фатма Бајрам Аземовска, НУУБ Битола, Сумнал.

Сподели на Facebook