English French German Macedonian

Убиството на командантот - Харуки Мураками

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Неверојатна книга за љубовта и осаменоста, војната и уметноста – уште едно ремек-дело на еден од најголемите современи писатели
По разделбата со сопругата, триесет и нештогодишниот сликар одлучува да оди да живее на планина во куќата на еден познат уметник, татко на негов пријател. Деновите му поминуваат во сликање, готвење, слушање музика на грамофонот и пиење чаша виски навечер.

Но еден ден случајно открива чудна слика скриена на таванот и не сакајќи го отвора кругот од мистериозни случувања во кој се вплеткани неговиот мистериозен сосед, едно таинствено ѕвонче, тринаесетгодишно девојче, обидот за атентат на нацистички функционер и страшното подземје. За да го затвори кругот, уметникот мора да тргне на опасно патување за себеоткривање во волшебното подземје какво што само Харуки Мураками може да создаде.

 

Сподели на Facebook