English French German Macedonian

Читањето треба да биде забава! Lesen soll spass Machen!

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

На 10.02.2020 година НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола, во соработка со наставничката по германски јазик Марина Атанасовска од О.У.„ Коле Канински“ – Битола успешно започна со промоција на наслови на книги кои се на германски јазик. Како дел од проектот

Читањето треба да биде забава! Lesen soll spass Machen!

Учество зедоа учениците од 7-1 и 7-2 одделение кои преку онлајн презентација имаа можност да се запознаат во кратки црти со работата на нашата библиотека и со фондот на книги со кои таа располага. Оваа соработка е предвидено да се одвива во повеќе фази. Првата фаза е насловена

„Еден град полн со музика“ (Eine stadt voller music).

Во неа учениците имаа можност од 25 наслови да изберат  по еден наслов  на книга, која тие би сакале да ја прочитаат. За следната фаза, тие самите треба да ја осмислат  и нацртаат насловна страница според насловот на книгата кој го имаат одбрано, за потоа да можат да направат споредба.

Па, со среќа на сите ученици!

Сподели на Facebook