Последно освежено на Среда, 03 Март 2021 09:20 Објавено од м-р Гордана Ѓорѓиевска - Неделковски Среда, 10 Февруари 2021 13:28
Читањето треба да биде забава!
Reading should be fun!
На ден 9.02.2021 година НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола во соработка со наставничката по англиски јазик Џенет Тасковска од О.У. „Елпида Карамaнди“- Битола, започна со промоција на наслови на книги кои се на англиски јазик од детскиот оддел. Под мотото „Читањето треба да биде забава!“ на сите јазици, на онлајн работилниците учествуваа ученици од 4, 5 ,6 и 7 одделение. Учениците од ова училиште имаа можност да бидат дел од насловите на книги на англиски јазик со кои располага нашата библиотека, а воедно и да споделат со нас што тие читаат и што би сакале да читаат.
За успешноста на работилниците им се заблагодаруваме на наставничката Џенет Тасковска и на сите ученици кои се вклучија во работилницата и ги споделија своите интереси за читање на книги.