English French German Macedonian

Музиката на тишината - Андреа Бочели

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Не мора да сте оперски љубител за да ги цените прекрасно напишаните мемоари од светски познатиот тенор Андреа Бочели. Роден меѓу лозјата во Тоскана, Бочели сеуште бил бебе кога развил глауком. Музиката која се филтрираше во неговата соба го смири несигурното дете. На возраст од дванаесет години тој беше сосема слеп, но неговата страст кон музиката донесе светлина во неговиот живот.
Овде Бочели ја открива болката од неговото слепило и трансцедентното искуство во пеењето. Тој пишува за неговите родители кои ги негуваат неговите музички интереси, предизвиците за учењето да чита музика во Брајова азбука и да се натпреварува во шоуто за таленти, за неговата борба со правото и желбата да стане адвокат. Тој опишува како се вљубува и пее во пијано баровите до неговото големо откритие во 1992 година, кога Павароти го слушнал како ја пее „Мисерере“. Меѓународните признанија и успех што го следеа Бочели оттогаш не го срушија неговото чувство за благодарност.

Сподели на Facebook