English French German Macedonian

75 ГОДИНИ НУУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Библиотеката отсекогаш била место на еден вид магија, простор каде што луѓето кои сакале нешто повеќе од секојдневието се впуштиле во интелектуални авантури. Како центар на интелектуалниот живот, без разлика дали станува збор за приватни или јавни библиотеки, тие неизбежно се поврзани со чувството на нешто мистично, способноста да се нурне во светот на книгите и со тоа да се пресели на другата страна на реалноста. Да се излезе во заедницата и сретне со читателот е императив на новото време.

Затоа овој 75 годишен јубилеј кој го одбележуваме во едно друго виртуелно окружување, за нас библиотекарите претставува нов предизвик да останеме во врска со Вас, драги наши читатели.

Патрониот празник го одбележуваме со пригодни содржини и изложба, која можете да ја разгледате во холот на библиотеката, како и со започнување на нови проекти и активности на библиотеката.

Борхес често зборуваше за вечна циркулација на книги во библиотеката, за таа невидлива нишка што поврзува и насочува една книга кон друга, библиотекар кон читател, за да во еден сосема нов свет создава чувство на хармонија и задоволство.

И секој човек што еднаш зачекорил во тој свет создава личен однос кон неговата библиотека, за таа на крајот да биде негов втор дом и билет за влез во еден магичен и непредвидлив свет.

Почитувани читатели, Ви благодариме што сите овие години бевте дел од нашите програми, за Вашата поддршка, за трпението кога грешевме, за сите предлози и пријателски насмевки, за часови поминати во Библиотеката.

Сите заедно да прославиме 75 години раст и развој на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола.

м-р Бојан Стефановски, директор

Сподели на Facebook