English French German Macedonian

Македонскиот јазик во ЕПАЛЕ – можности за библиотеките

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 24.11.2020 година се одржа првиот од серијата промотивни настани поврзани со воведувањето на македонскиот јазик во ЕПАЛЕ Платформата.
Средбата се одржа во соработка со ЕПАЛЕ амбасадорката Фатма Бајрам Аземовска и  НУУБ „Св.Климент Охридски, “ – Битола, а наши гости беа претставници на повеќе библиотеки од пелагонискиот регион.
На средбата воведен збор имаше Марко Ѓоргиевски, в.д директор во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка. Тој искажа задоволство затоа што циклусот промотивни настани поврзани со оваа за нас многу важна работа започнува со библиотеките.

Тој ја потенцираше потребата од поголема видливост на квалитетни содржини од македонските корисници, интеракција со колегите од странство, креирање на заеднички проекти и интернационализација на работата на институциите вклучени во образованието и учењето за возрасни.
Потоа, следеше презентација од Љупка Ќуркчиева- ЕПАЛЕ Координатор.
За време на презентацијата, библиотекарите можеа да се запознаат со тоа како:
- да се користи Платформата за размена на искуства
- да се пронајде/прикачи релевантна информација, извештај или пример на добра практика
- да се пронајде/сподели релевантен настан
- можат да се пронајдат партнери за идни европски проекти.
Во практичниот дел, секој учесник на состанокот имаше можност самостојно, чекор по чекор, да отвори свој профил на ЕПАЛЕ или да објави вест/информација за својата организација.
Настанот се организираше во согласност со протоколите за КОВИД-19, со обезбедено физичко растојание помеѓу учесниците. Вклучувањето на преставниците од Националната агенција и ЕПАЛЕ Националниот сервис за поддршка беше спроведен преку видео врска. Повеќе фотографии следат на следниот линк https://www.facebook.com/media/set?vanity=nuub.mk&set=a.10159053475173679

 

Сподели на Facebook