Последно освежено на Вторник, 03 Ноември 2020 14:01 Објавено од Слободан Пачовски Вторник, 03 Ноември 2020 12:30
На ден 30.10.2020 година во просториите на Библиотеката се промовираа расказите кои се дел од проектот „Мојата дигална сликовница“. Расказите се заеднички проект на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и Едукативен центар „Едусфера“ – Битола. Во изминатиот период претходеше јавен повик до сите заинтересирани ученици да достават раскази по слободен избор. Најдобрите раскази беа наградени со доделување на книги и благодарници на сите кои учествуваа. Во некои од расказите се спознава воспитната порака за семејството и семејните вредности, другарството, пријателството, нивните фантазии, нивните омилени јунаци и многу други интересни теми. Расказите ќе бидат достапани на македонски, англиски и германски јазик.
Сите приказни се раскажани ! Очекувајте ги нашите дигитални аудио сликовници на нашава web страна !
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Координатор на проектот м-р Фатма Бајрам Аземовска
Повеќе фотографии на следниот линк: Facebook фотографии