English French German Macedonian

Прикажување на кратки филмови, 2020

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 8.10.2020 година,  во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола се одржа вечер за прикажување на кратки филмови. НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола заедно со ЕРЦ СОРАБОТКА го организираа  прикажувањето на кратки филмови кои беа поддржани од Министерството за култура на Северна Македонија. При одржувањето на настанот беа запазени сите протоколи за одржување на настани.

Целта на проектот беше подигање на свеста за семејните вредности, домашната злоупотреба и влијанието на медиумите и социјалните медиуми на помладата генерација во едно домаќинство. Учесниците имаа шанса да гледаат кратки филмови од Велика Британија, Турција, Чешка, Украина и Северна Македонија. По прикажувањето, имавме дискусии за

темата каде што публиката имаше клучни коментари за влијанието и што мислиме дека е важно за помладата генерација и нивниот раст и развој без или ограничен пристап до социјалните медиуми. На настанот, имавме 15 учесници од различна социјална и образовна припадност кои споделија различни размислувања во врска со филмовите. Учесниците се здобија со различна перспектива од различни земји во врска со семејните вредности, злоупотребата и какви предизвици им дава општеството на младата генерација и начините на нивно решавање.

Повеќе информации можете да најдите на следниот линк.

Сподели на Facebook