English French German Macedonian

Сфинга на гневот - Жарко Кујунџиски

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Кога уредникот на издавачката куќа „Веда“ дознава дека еден познат писател е пријавен како исчезнат, тргнува да ја открие вистината. Потрагата во која ризикува сè ќе го соочи со загатки во кои се испреплетени историјата, митологијата, психологијата и општествените случувања. Лазар смета дека ако ги дешифрира тајните пораки што ги открива, ќе ја оствари одамна посакуваната цел: да се добере до необјавениот ракопис на исчезнатиот писател.
Движејќи се меѓу границите на мистеријата и книжевниот трилер, Жарко Кујунџиски (Spectator, Америка) создава интригантен и вешто смислен роман, жанровски и стилски палимпсест, со кој пристапува во досега неистражени предели на нашата проза.
– Бидејќи не постои друг примерок, а го нема крајниот збор на авторот, книгата е безвредна речиси исто толку колку што и бесценета.
– Од каде го знаете вие сето ова?
– Бидејќи знам латински.
– Само ѓаволот денес знае латински.
– Ете, пак ти се потврдува тезата.
– Која е таа теза?
– Дека сум дојдена да ти ја барам душата.
– Во замена за?
– За тоа што ти сакаш.
Претпоставувам, тоа е она што треба да ти ја врати кариерата назад, а можеби и дел од животот. Или обратно беше? – девојката направи пауза, па кажа: – Најдобриот ракопис што кога било си го држел в раце.

Сподели на Facebook