English French German Macedonian

5 писателки за кои можеби не сте знаеле дека се жени!

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во книжевниот свет, отсекогаш било нормално за жените да пишуваат под машки псевдоними за воопшто да можат да ги издадат своите книги и да бидат сфатени сериозно. Овој тренд најрано е забележан во 19 век.

Жените ретко се изложувале на ризикот да бидат одбиени затоа што се жени и го криеле своето име. Џејн Остин, која иако не пишувала под машки псевдоним, сепак својата прва издадена книга, „Разум и чувства“, ја потпишала под псевдонимот: „Дама“. Сестрите Бронте користеле машки псевдоними во одреден период од нивните животи. Луиза Меј Алкот била шампион за користење иницијали. Секоја од овие жени денес е сакана и позната под своето име.

Но, постојат писателки кои сѐ уште се познати по своите машки псевдоними, па често се случува многумина и да не знаат дека се работи за жена. Во продолжение прочитајте неколку такви примери, па можеби и самите ќе се изненадите!

1. Жорж Санд (1804–1876)

Ако има една работа која може да се каже за Амантин Лисил Орор Дипен, или најпозната како Жорж Санд, тоа е дека таа била жена која била многу понапред од своето време и жена која никогаш не оставила некого рамнодушен. Флобер и Балзак ја обожавале, Бодлер бил нејзин критичар. Таа пишувала книги, мемоари и драмски текстови и била озогласена поради нејзиното дружење со познати мажи како поетот Алфред де Мисе, композиторот Фредерик Шопен и писателот Проспер Мериме. Нејзини најпознати дела се „Малечката Фадета“ и автобиографскиот роман „Зима во Мајорка“.

2. Џорџ Елиот (1819–1880)

Мери Ен Еванс била решена нејзината книжевна работа да биде сфатена сериозно и затоа го направила она што било сосема логично во тоа време: го земала името Џорџ Елиот како нејзин псевдоним. Таа станала една од највлијателните писателки од тоа доба, издавајќи седум романи и уште неколку збирки со поезија и кратки раскази. Нејзините најпознати дела ги вклучуваат романите: „Мидлмарч“, „Адамс Бид“ и „Даниел Деронда“.

3. Вернон Ли (1856–1935)

Виолет Паже била британска писателка која го користела псевдонимот Вернон Ли за да ги објавува своите дела. Таа била прилично зафатена писателка, а денес е позната по своите есеи за уметноста, музиката, патувањето и по нејзините романи за супермоќи. Паже исто така била политички активна и позната пацифистка за време на Првата Светска војна и имала феминистички ставови. Таа имала врски и со жени, а како и Жорж Санд имала неконформистичко однесување за тоа време.

4. Исак Динесен  (1885–1962)

Во 1985 година, филмот „Надвор од Африка“ освои седум Оскари, вклучувајќи го и оној за најдобар филм. Филмот е екранизација на истоимената книга од данскиот писател Исак Динесен. Но, всушност позади тој псевдоним стои Карен Бликсен, а Исак Динесен не е единствениот машки псевдоним кој го користела. „Надвор од Африка“ не е единствената нејзина книга која е екранизирана, таа исто така го има напишано и романот „Гозбата на Бабет“ кој исто така беше екранизиран и добил Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

5. Роб Турман

Вистинското име на Роб Турман е Робин, но всушност во оваа ситуација Роб не е псевдоним, затоа што Роб е прекар кој Робин го имала целиот свој живот. Но, сѐ до нејзината четврта книга, имало одредена мистерија околу нејзиниот пол. Инаку се работи за писателка која постојано е на листите на најпродавани книги.

Преземено од следниот линк.

Сподели на Facebook