English French German Macedonian

Крвава приказна - Оисин Куран

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Мејн, 1980. Утописката будистичка заедница е на работ на колапс. Авторитетот на харизматичниот водач се руши откако неговите следбеници сфаќаат дека се предолго експлоатирани. За да бидат работите полоши,единаесет годишниот син на еден од приврзаниците дознава дека мајка му има рак. Наоѓајќи прибежиште во својата фантазија, момчето почнува да зборува за друго време и место. Неговите родители веруваат дека тој се сеќава на својот претходен живот. Ова сеќавање е приказна за потрагата по изгубениот град рефрактирана низ леќата на авантурите кои момчето сака да ги чита. Но чудно, како што светот околу нив се распаѓа, тој и неговите родители откриваат дека неговата приказна како да ги претскажува настаните кои се случуваат во нивните сегашни животи.
„Семејна драма, фантастично патување, и поетична рефлексија на љубовта, смртта и предавството, овој неверојатен, дораснат роман ја разоткрива тешката врска меѓу слободната мисла и слепата верба, одбегнувањето и просветлението. „Крвава приказна“ на Оисин Куран е авантура за срцето и душата.“ —Јохана Скибсруд, автор на „Сентименталисти“ и „Квартет за крајот на времето“

 

Сподели на Facebook