Порака од г-ѓа Одре Азуле, Генерален директор на УНЕСКО по повод Светскиот ден на книгата и на авторското право 23 април 2020
Последно освежено на Недела, 26 Април 2020 11:15 Објавено од Administrator Недела, 26 Април 2020 10:48
Порака од г-ѓа Одре Азуле, Генерален директор на УНЕСКО по повод Светскиот ден на книгата и на авторското право 23 април 2020
Во време на неизвесност, многумина од нас се свртуваат кон книгите за да се оттргнат од изолацијата и загриженоста.
Имено, книгите имаат незаменлива моќ да разонодат, да нè подучуваат истовремено за да можеме да се оттргнеме од сeбеси, да се сретнеме со некој писател или со некоја писателка, со некоја култура, да си подариме време за себе или да проникнеме подлабоко во себе. На тој начин книгите, страница по страница, трасираат интимни патишта во човечката мисла во сите времиња и насекаде, што се нарекува слобода.
Ете, токму од таа магија на книгите ние имаме нужна потреба токму во овој период кога заеднички се потсетуваме колку многу литературата и сите уметности се значајни.
Со одбележувањето на книгите ние исто така ги славиме писателите и писателките, кои ни ги даваат тие делови од животот, тие светови, тој прозорец и поглед кон светот и затоа тоа се случува на 23 април, на денот кога починал Вилијам Шекспир, Мигел де Сервантес и Де ла Вега, кои веќе четири векови ја хранат нашата имагинација.
Со нив ние им оддаваме почит на сите професии поврзани со книгата, со издаваштвото, со печатењето, како и со преведувањето. Тие го овозможуваат ширењето на нашето литературно културно наследство и овозможуваат нови креации за да се најде место за изразување и размена на идеите.
Овие професии треба да се споделуваат и да се вреднуваат. Тоа ни се чини уште поверодостојно во овој период на КОВИД-19, којшто галопира и претставува сериозна и трајна закана за економијата и културата.
Од тие причини УНЕСКО го валоризира трудот на издавачите, благодарејќи на Меѓународното здружение на библиотекарски асоцијации и институции - ИФЛА и на Меѓународното здружение на издавачи.
За да може моќта на читањето да се реализира во целост и за да може секој од нас да си најде прибежиште, сон, знаење и размисла важно е да постои достап до книгите. Тоа е идејата зошто Куала Лумпур стана на овој 23 април Светска престолнина на книгата во 2020 година, пред сé поради одлуката да се бори против неписменоста и за инклузија на книгата.
Во ова време читањето е толку скапоцено, нашата заедничка заложба за поврзување со и во читањето го добива своето вистинско значење.
На овој Светски ден на книгата и на авторското право, ве поканувам сите вас мажи и жени да почнете да ги вртите страниците на книгите за да најдете свеж здив за сегашноста и за иднината.
Превод на француски јазик: Елена Никодиновска