English French German Macedonian

ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА И АВТОРСКО ПРАВО, И НИЕ СМЕ ДЕЛ ОД НАСТАВАТА!

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во соработка со ОУ „Тодор Ангелевски“ – Битола одбележувајќи го Светскиот ден на книгата и авторско право, а во рамките на препораките на ИФЛА за вклучување на библиотеките во сите аспекти и активности на заедницата во време на справување со изолациони мерки, Библиотеката се вклучи во online настава со презентација за важноста на читање, одбележување на денот на книгата и можности за учество на учениците во креирање на програми и проекти како дел од иновативни библиотечни содржини. Беа вклучени три одделенија II 6, IV 3 и IV 6 со одделенски наставници Бисера Петровска Аргиновски, Снежана Петковска и Татјана Чапкуновска.

Презентацијата од Библиотеката ја подготви м-р Јелена Петровска која што на децата им пренесе порака за Светскиот ден на книгата од проф. д-р Методи Чепреганов како претставник на најхрабрите луѓе кои што деновиве се борат со пандемија.

Учениците беа запознаени со важноста на читањето, претставување на функционирање на библиотеката, како и со можности за зачленување и учество во креирање на библиотечните проекти и активности на библиотеката. Во вториот дел од часот во координација со наставници учениците поставуваа прашања до библиотекарот и заедно зборуваа за најчитани наслови на книги.

Со оваа активност НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола активно учествува во едукативните содржини и соработува со наставници кои се отворени за нови и посодржајни пристапи кон изведување на online настава.

Библиотеката на својата веб страна постави и други содржини поврзани со одбележување на Светскиот ден на книгата и авторско право, а во подготовка се и други активности со цел интерактивно поврзување со читателите.

 

Сподели на Facebook