English French German Macedonian

21 февруари - Меѓународен ден на мајчиниот јазик

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола со низа настани го обележа 21 февруари - Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. На ден 21 февруари 2020 година, учениците под менторство на наставниците читаа поетски творби на македонски, албански, ромски, турски, влашки, англиски и француски јазик. На почетокот на настанот директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола м-р Бојан Стефановски го истакна значењето од зборувањето и творењето на мајчиниот јазик. Потоа на учениците и менторите им подели благодарници за нивното учество. Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година.

Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Во светот денес се зборуваат околу шест илјади јазици, а на половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот. Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат „малите” јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици, Според статистиката, во последните три века има изумирање или драматично намалување на бројот на јазици, особено на американскиот и на австралискиот континент. Покрај Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, на 26 септември се одбележува и Денот на европските јазици. Во 1998 година стапи во сила Европската повелба за заштита на регионалните и малцинските јазици со која, исто така, се потенцира лингвистичката разновидност и повеќејазичноста. На следниот линк следат повеќе фотографи: https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10158234078203679&__xts__%5B0%5D=68.ARCtbVdGM5_XiV7caLvPYLauUCUz3HHxVJDuopCWz5h3ALh-8rzoauqB6rbgjkhoqgxzCGTBWfFHAJW9ri0qi-2iZjtGBLMJ5v4CwG7Q_VhEHX_j5zZ8iRv5AXxAcMgh_dLx2MVsodP8QQv7JhIccaVsYjBPtMTDJN5PhjTq8OlU4fhSGNuhy8uhi06cgTcSsrEzrCyYKMp0ElZ46MmqTJoiHry8D-yeJ5oAHEI1Q7vxtHyEfaOH2a-Zrpst4-xr3d0OO10ncW8Rz2RNYI-V4wncGwKXkeXo5CbQphITY1o7RnF8M0932y3xo43G8ifeQ4wmYZTDkBW2hfJPVD0xy9kRILnx4Gk7kQTUPmRGTVRyIZ9mQXLkL8jAz6rVrnbK0J4mMXG3zgV3dw7s7OFBJQi_XmfcdkYME_yBXwD6CGN2jK93p9Te7GvmYtUta8Sb0aPOl08&__tn__=-UC-R

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер