English French German Macedonian

Литературен конкурс за краток расказ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод  Осми  Март - Меѓународниот ден на жената, Организација на жени на Општина Битола – Битола и НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола  по седми пат распишуваат традиционален литературен конкурс за краток расказ.
Право на учество имаат сите автори кои пишуваат на македонски јазик.
Пропозиции:
*Тема – ,,Ако љубов немам, ништо не сум. Љубов си Ти”
*Расказот (во 3 примероци) да е најмногу 3 страници А 4 формат. Се потпишува под шифра и се става во поголем плик. *Во помал плик се пишува решението на шифрата со име и презиме на авторот, адреса и телефонски број. Малиот плик се става во големиот плик.
*Расказите да се во Word, Times New Roman, фонт 12 и кирилично писмо.
*Конкурсот е отворен од 05 Февруари 2020 год. до 29 Февруари 2020 год.
# Доколку ученици испраќаат раскази ги замолуваме да напишат ,,ученик,, во решението на шифрата.
*Се испраќа на следната адреса
Светлана Папачек
Климент Охридски бр.1
7000 Битола

Расказите ќе ги оценува реномирана жири комисија. Ќе бидат доделени 3 симболични награди.
За датумот на доделување на наградите ќе има дополнително известување.
Ги замолуваме авторите да го почитуваат рокот за испраќање на расказите.
Со среќа на сите.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер