English French German Macedonian

Семинар за работа со деца со проблеми во учењето (родители, наставници, сите заинтересирани)

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Библиотеката во своите програми за излегување во пресрет на граѓаните за актуелни потреби на заедницата, со Здружението за дислексија „Ајнштајн“ од Скопје организира Семинар за обучување на наставници за работа со ученици кои имаат проблем со дислексија.
Семинарот е наменет за сите заинтересирани лица кои сакаат да бидат обучени за работа со деца кои имаат тешкотии во учењето. Тоа се пред се родители, наставници, воспитувачи, и други заинтересирани лица. Со оглед на пополнетост на термините предлагаме Семинарот да се одржи на 07 март (сабота) 2020 год. во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола.
Семинарот е организиран во две сесии со пауза за ручек (ручек е вклучен во котизација) и кафе пауза. Исто така за учесниците ќе бидат обезбедени едукативни материјали за работа со ученици со дислексија, како и Сертификати за учество на Семинарот.
Котизација за Семинарот изнесува 1.100 ден. (цена со попуст е обезбедена од страна на Библиотеката).
Краен рок за пријавување и пополнување на Пријавен лист (линк) е 15 февруари на е- маил на контакт лице за организација на Семинарот Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .
За сите дополнителни информации можете да се јавите на следните контакт телефони: Лидија Мирчевска, виш библиотекар 078 467403

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер