English French German Macedonian

Продолжуваме со активноста „Да им читаме на децата“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Продолжуваме со активноста „Да им читаме на децата“. На иницијатива на негователката Гзиме Коминовска од градинката „Снегулка“ продолжуваме да читаме книги на нашите најмили и најмлади читатели во градинките. Секоја недела на сите групи ќе им прочитаме книги. Во соработка со градинката „Естреја Овадија Мара“ и директорката Лидија Тфирст Митреска се договоривме и за активности во градинката „Пролет“, за што им благодариме за интересот и вклученоста во проектот. Истовремено и ја промовираме акцијата за бесплатно членство на сите деца од 0-6 години. Читањето е клучна вештина која ни помага да учиме и да го живееме животот и затоа започнувањето со читање е возбудлива и важна фаза од развојот на децата. Како и со многу други вештини, децата постепено ги совладуваат вештините кои им се потребни за читање еден долг период, почнувајќи неколку години пред да можат да ја разберат смислата на напишаните зборови. Едноставно е „Читањето е забавно“. Им благодариме на библиотекарките Вера Марковска и Гордана Ѓоргиевска Неделковски за реализираната активност. Координатор на проектот м-р Фатма Бајрам Аземовска. Следат повеќе фотографии на следниот линк https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10158130154743679

Сподели на Facebook
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер