English French German Macedonian

„Да им читаме на децата“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Еден од најпознатите цитати на Ајнштајн е: „Ако сакате Вашите деца да бидат интелигентни, читајте им бајки. Ако сакате тие да бидат уште поинтелигентни, прочитајте им повеќе од нив “.
НУУБ „Св.Климент Охридски„ – Битола започнува да го реализира новиот проект „Да им читаме на децата“.
Од понеделник секој ден од 11 до 13 часот започнуваме да им читаме бајки на децата, во детската читална.
Треба само да ги донесете Вашите деца без мобилни телефони!!
Нема ограничување на возраст
Книгите се нешто волшебно. Тие им овозможуваат на децата да откријат нови светови, да запознаваат нови работи и да учат за минатото, но исто така имаат и преобразувачка моќ. Со поттикнување на детската фантазија, стимулирање на критичкото размислување и помагање во развојот на емпатија, читањето на децата им ги дава самите вештини кои им се потребни за да успеат на училиште, на работа и секојдневно во понатамошниот живот.
Зошто е важна раната конекција на детето со книгата?
Научниците велат дека постои посебна, емотивна линија меѓу родителот и детето уште во раниот период, односно читајќи ги таканаречените „приспивни приказни“, односно бајките.
Впивајќи ги информациите, тие почнуваат да размислуваат и да доаѓаат до нови идеи. Тие го прошируваат нивниот универзум над времето и местото и ги инспирираат своите сопствени, оригинални мисли.
Затоа, не чудете се на навидум „нелогичните“ прашања на вашите деца, туку напротив обидете се на секое од нив разумно да одговорите.
Големиот Алберт Ајнштајн сметал дека бајките се важни затоа што ја стимулираат имагинацијата.
Тој дефинитивно верувал во користење на имагинацијата: „Имагинацијата е поважна од знаењето, бидејќи знаењето е ограничено, додека имагинацијата го опфаќа целиот свет, стимулира напредок, раѓа еволуција“. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10158103051108679

Сподели на Facebook