English French German Macedonian

Состанок во рамки на проектот „пРОМис“ во Германија

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола е библиотека која што вложува во развојот на библиотечното работење преку имплементација на различни иновативни програми и професионализација на библиотечниот кадар.
За прв пат во библиотеката пред две години беше започнат ЕРАСМУС + проект „пРОМис“ кој што има за цел да ги детектира проблемите поврзани со граѓани на Битола од ромската популација, особено во областа на културното наследство и стандардизација на ромскиот јазик, како дел од препораките на светската организација на библиотеките (ИФЛА) а во рамките на програмите поврзани со Агенда 2030.

Во проектот учествуваат повеќе европски држави: Германија, Италија, Грција, Бугарија, Унгарија, Србија, Романија и Македонија.
Состанокот во Плауен (Германија) се одржа 9 до 13 декември 2019 година, освен презентираните извештаи за активности кои се поврзани со подигање на свеста за важноста на читање и образование како кај младата ромска популација, така и за возрасна генерација, беа презентирани и идеи за нови проекти
Во договор со колеги од Германија средбата беше искористена и за посета на Централната библиотека во Дрезден, сместена во Палатата на култура. Библиотеката поседува современо уреден простор за корисниците, како и мултифункционална концертна сала со богати културни содржини.
Во разговор со колегите разменивме искуства од областа на најновите библиотечни трендови и можности за поголема афирмација на библиотечното работење. Следат повеќе фотографии на следниот линк  https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10158023708128679&__xts__%5B0%5D=68.ARAdvDnbuMsy7U9vqpZbO_B8gT4Sni3h8Em2GNZd3cIpQ8DKmg2iODDmMoZphchRgzNktyqhE7aixKZMYE5PgSBKvPSDrgtGYC1_vQk3arIQqYLTMtPPU2laXL3PQGBBdxUgjHBJeKsevqCFRC00APefBVjISraHKTfdvfz9vwSUh_0oHpJddHAAknZHhj6q9PbP5hXQJn-1_f2sKrRT80o6e4C2qE1ZhqvtqB80gy9PdHDRUB489lYdes3YKKLDW9u2rVsHegHk52cCrytUM-7PyceqOqtv1AozTauHli0ITnGe_hpA0Oqc-BLlBHGFBebqvl_1g1I3o2kWyFR2tXGtti6u94mwBSihRdntrX7TWT3iCQKnaut5DrPe1JF6miv1RVs08euYRR7Mn4d_llanCJ4kxZOxAqVdiuAlEz7U1UX9ch40451ygtyHeLROQczVaJA&__tn__=-UC-R

Подготвија:
Јелена Петровска,библиотекар советник
Фатма Бајрам Аземовска виш библиотекар - координатор на проектот

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер