English French German Macedonian

Промоција на on line сликовницата „Среќен роденден“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На 4.12.2019 година се промовираше on line публикацијата „Среќен роденден“. Публикацијата е заеднички проект на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и издавачката куќа Едука Мак. Оnline сликовницата „Среќен роденден“ е од авторката м-р Ели Маказлиева. На присутните им се обратија м-р Бојан Стефановски директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола и авторката Ели Маказлиева. Следеше драмизација на децата од градинката „Снегулка“ - Битола. Сликовницата содржи разновидни забавни факти за родендените, прекрасни илустрации што се верен придружник на секој расказ. Во неа ќе слушнеме за планирањето на родендените на дванаесет другарчиња, што се вклучени во организацијата и во реализацијата на своите родендени. На тој начин ќе научат и сами да планираат и ќе се вклучат во организирањето на сопствените прослави и прекрасни интересни забави, стекнувајќи самодоверба. Во некои од расказите се спознава воспитната порака за семејството и семејните вредности, бонтонот, екологијата и здравата храна. Проектот е финансиран од министерството за култура на Република Северна Македонија. Координатор на проектот е м-р Фатма Бајрам Аземовска. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157982468953679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер