English French German Macedonian

Кристине Нестлингер

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Австриската писателка Кристине Нестлингер е тема на втората работилница организирана од страна на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола и Австриски библиотеки во Битола која е една од 65 Австриски библиотеки во 28 држави во светот. Работилницата беше наменета за средношколци и спроведена во месецот на книгата и најголемиот австриски литературен фестивал во неговото 14. издание „Австрија чита. Место за средба - Библиотека“. Истиот се одржува од 14.10.-20.10.2019 во Австрија и е понуден и на Австриските библиотеки во странство. Учество зедоа учениците од СОЕУ „Јане Сандански“ Битола предводени од нивниот професор по германски јазик д-р Николче Шулевски. Идејата за вакви средби со ученици е да се запознаат со начинот како да пребаруваат во Австриската библиотека, да изнајмат книга и да читаат од богатиот фонд на германскојазичната литература. На учениците им беше претставена австриската писателка Кристине Нестлингер, автор со книжевен опус на повеќе од 150 книги преведени на околу 30 јазици. За време на презентацијата на оваа значајна авторка од страна на раководителката на Австриската библиотека од Битола д-р Валентина Илиева беа и изложени голем број на книги од Кристине Нестлингер на германски јазик, неколку преводи на македонски јазик и магистерски труд изработен за делата Нестлингер од страна на м-р Симона Монавчева одбранет на Педагошкиот факултет под менторство на проф. д-р Петер Рау. Учениците учествуваа во работилницата со книжната трка низ делата на Нестлингер во форма на работен лист откривајќи информации за истата. Учениците со радост ја завршија нивната задача и како награда добија бук маркер како спомен за оваа информативна средба. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157898126698679&__xts__%5B0%5D=68.ARCKGig4QLkIuZj9tuYN0mjHRSrZjhy95k4RYzWixXTc7b5SlVaapKzHXO3vU-P26vAYLDhI1zZIBHZ8NgFHY-VuQQ_B6soS4cQA5980mQRTZsO_WkRYD3b5Mtb7vIso6TUf6SAZWJcDdeYQ2Ts3B41lWfqszimyIsrNO7vraMgCbKC4tHvpV4wSDNFblBGel6Tux39z0fVtkrybU2CFiBrgy4tfjbOhLOfK_Eu1zidQIup6LorOVCKL1-UcH9jz-Sf7nTpSWMBqCWrgZtud-VNE21m8-xCcsqA3Zp7uW5eM7z7uO8D4h3ezeYLQk2GS2RgVhHILZbpM9nMbKoJMN68yYH1gumeGtVqVRrralF_Y3cra48uCj8B5wnH097YyvGxswzpYgfIegbqsgPTo44vHgnxWNm3EywM5sOFV1GtPFvxSMrZpyJUeMa3W3iH6LVsv2MI&__tn__=-UC-R

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер