English French German Macedonian

"Активно учествувај и создавај мирољубива клима"

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ротари Клубот Битола "Широк Сокак" традиционално по 8-ми пат го одбележува меѓународниот ден на мирот под мотото: "Активно учествувај и создавај мирољубива клима", приклучувајќи се на сите мирољубиви луѓе ширум светот во потрага по еден ден, целосно исполнет со мир и слобода.

На 21.09.2019 година (сабота) на Градскиот Плоштад Магнолија во 11:00 часот ќе биде испратена порака за мир, порака за крај на насилството и војни во светот кои ја уништуваат планетата Земја и сите живи суштества што живеат во неа, порака за соживот, среќа и мир преку цртежи, рецитали, песни за мирот, танцување и диџеј.

Соработници и поддржувачи на активностите организирани од Ротари Клубот Битола "Широк Сокак" се: НУУБ"Св Климент Охридски"-Битола, ОУ "Елпида Караманди" , ОУ "Стив Наумов" , ОУ "Даме Груев" , , ОО на Сојуз на Борци,Здружение "Сумнал", Сидо, Државно Музичко Училиште, Танцов Клуб Експоуз, Диџеј Петар Лимон.

Особена чест и задоволство ни претставува да Ве поканиме да ни се придружите, заеднички да го одбележиме денот на мирот и да испратиме порака до сите.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер