English French German Macedonian

Општинскиот натпревар „Млади библиотекари" 2019

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола го организира Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“. Право на учество на овај натпревар имаат сите ученици од основните училишта до 14 годишна возраст кои се членови на училишните библиотеки или Детската библиотека која работи во состав на НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола. За подготовка на учесниците за овој натпревар Ви го предлагаме Прирачникот за подготовка на кандидати за натпреварот „Млади библиотекари“ кој ќе ви го обезбеди Библиотеката. Рокот за пријавување за учество на натпреварот е до 27 септември 2019 год., писмено по пошта на адреса Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, ул. „Пеце Матичевски“ бр. 39 со назнака за Општинскиот натпревар „Млади библиотекари“ или лично секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот. Општинскиот натпревар ќе се одржи на ден 01 ноември 2019 год. (петок) со почеток во 11 часот во просториите на Библиотеката. Се надеваме дека ќе соработувате со нас и што е можно побрзо ќе го одредите Вашиот претставник за да би можел благовремено да се подготви за натпреварот.
Победникот од овој натпревар се стекнува со право на учество на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи на 15 ноември (петок) во 12 часот во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје.  Учеството на овај натпревар го овозможува Библиотеката.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер