English French German Macedonian

„Тематска изложба за библиотекарство – Презентација и популаризација на културното наследство“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Нашата држава располага со исклучително богат споменичен фонд од различен вид и период на настанување, со различни културни влијанија и стилови, со врвни културни, историски и уметнички вредности. Со тоа се потврдува дека овде со векови се создавале културните вредности, односно се зачувала традицијата за љубов кон книгата, нејзиното користење и дисеминација на знаењата. Библиотеките во таа смисла ја одиграле улогата на центри од каде што се црпеле творечките достигнувања кај нас, околу нас и во светот со што многу се придонесе во развојот на библиотекарството. Имено самиот еволутивен развој на оваа дејност ги покажува насоките кон приклучокот во светот што оди напред и тоа ДА СЕ ЗАЧУВА СЕ ОНА ШТО Е ТРАЈНО И ВРЕДНО, ИСТОТО ДА СЕ ПРЕЗЕНТИРА И ПОПУЛАРИЗИРА, И НА ИСТОТО ДА МУ СЕ ПРОДОЛЖИ ВЕКОТ СО ЕФЕКТИВНА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ОСОБЕНО НА НАСЛЕДСТВОТО НА КОЕ МУ СЕ ЗАКАНУВА ОПАСНОСТ ОД ИСЧЕЗНУВАЊЕ. Изложбата се отвори на ден 22 мај 2019 година. Раководител на проектот е Ленче Андоновска, библиотекар советник, вработена во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. За изложбата поздравна реч имаа директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски, потоа следеше професионално излагање и осврт кон изложбата од страна на професорката Милица Радевска проследено со поезија. Во организација на професорката Весна Мундишевска се презентираа  изданија подготвени од графичката струка од СОУ „Таки Даскало“ - Битола и демонстрација на реставрација на книги од страна на ученици од графичката струка. Проектот „Тематска изложба за библиотекарство – Презентација и популаризација на културното наследство“ е одобрен од Министерството за култура за 2019 година. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157414153228679&__xts__%5B0%5D=68.ARBZzjOLENq7X8DpJyiSa_ikXOAdpU6iRBHed37CuSNutsgnE2J9RX1IOKISUq4a_KTlNhQ8N_nRwpnNIyE3AJxSUUVs1-y7c6SOg7esa0WNYsdI87zwyfMhuFLf4y1_suKIfGPBCfLd-HtOgHyvoSxxsdsKMvmEoVMtQJ9snMmTY_DyPM3ls_pML0G-QzhbRUKuVX5rpwpCGpMu-I4uSnqYDL45yAxW_2JXJppbCKhGnVXDW47n3VLGKjXArImhAPhFD3xdDNFe0QVUloC8z8xN9X3duEGynLln6T_A7X3xnh76MMrYbh_ZbW97eKGoWuM_lscI1CZFze-JNLyc7Gtr54rhmxQCxg7Lnd_10cNUJvr0YR4LteQh7ac_k5gMIWcy8RqVjBLMEYg7bFy6HyxmRlRpYv8Mbc2R3XQe8DngHBKaYKVTwfbWsMHO1muUBw&__tn__=-UC-R

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер