English French German Macedonian

Меѓународна конференција на библиотекари, архивисти и музеолози во Црна Гора

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната библиотека на Црна Гора „Гјургје Црнојевикј“(Đurđe Crnojević“) од Цетиње во соработка со Министерство за култура на Црна Гора,  по втор пат организира Меѓународна конференција на библиотекарите, архивистите и музеолозите („MONTENEGRO – Libraries, Archives and Museums LAM 2019“). Оваа година за конференцијата е одбрана многу актуелна тема  поврзана со улогата на УН 2030 Стратегија за одржлив развој во областа на библиотечното работење, „ Европските насоки за соработка на библиотеките, архивите и музеите“. Конференцијата ја отвори Александар Кашќелан, градоначалник на Престолнина Цетиње, Александар Дајковиќ, генерален директор на Директорат за културно наследство и Богиќ Ракочевиќ, директор на Националната библиотека на Црна Гора.

Насоките на ИФЛА подржуваат и проактивно застапуваат мислење дека библиотеките заедно со архивите и музеите мора да бидат препознатливи во промовирањето на општествениот и економскиот развој на заедницата преку целите кои се содржани во  УН Агенда 2030,  со вкупно 17 цели (SDGs) и 169 потцели преставуваат план за сите земји,  активно да се вклучат во давање на пристап кон извори на информации за подобрување на квалитетот на живеење, осигурување на инклузивност и квалитетно образование, намалување на сиромаштијата, еколошки содржини, ткн. „паметни градови“, силни институции, родова еднаквост,  итн. Токму институциите како што се библиотеки, музеи и архиви се активна и движечка компонента за спроведување на дадените цели. Потребно е секоја земја да изготви план и стратегија за остварување на програмите и заеднички проекти, и како резултат на добрата практика овие цели да бидат длабоко имплементирани во општество најкасно до 2030 година.
На конференцијата учествуваа библиотекари од повеќе земји од регионот и пошироко со вкупно од над 100 учесници. Билиотекарите имаа прилика да разменат искуства, да воспостават контакти со другите учесници и во неформални разговори и дружења да договорат идните заеднички проекти.
Во делегацијата од нашата земја  имаше претставници од јавни и универзитетски библиотеки од Скопје, Штип, Радовиш и Битола. Од НУ УБ „Св. Климент Охридски“- Битола на Конференцијата и во работните средби учествуваше м-р Јелена Петровска, библиотекар советник. Особен интерес за нашата библиотека произлезе од размена на библиотечни практики поврзани со одделни збирки на стари разгледници и фотографији, стари ракописи  и одделот за музикалии во Националната библиотека Цетиње. Со стручното лице Данијела Радуловиќ oд одделот е договорена размена на библиотечните материјали, како и можности за заеднички проекти во иднина  Исто така со директорот на библиотеката Богиќ Ракочевиќ е разговарано за можности за соработка на ниво на повеќе институции, особено во развојот на програмите поврзани со Агенда 2030 и локалната самоуправа.  На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157444613548679

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер