English French German Macedonian

Човек во Лавиринтот

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Бран од необична горештина ги присилува сите да го променат својот начин на живеење, сега само во мракот е можно да се работи, да се движи и да се преживее.

Едно ладно февруарско утро е обичен ден за сите, освен за тринаесетгодишната Саманта Андрети. Возбудена дека конечно ќе разговара со својата симпатија, таа се упатува кон училишниот двор и застанува пред еден автомобил, за последен пат да го провери својот изглед. Внатре во мракот, таа здогледува зајак со големина на човек и со очи во облик на срце. Привлечена од судбината и изненадена од глетката пред себе, таа во прво време не чувствува страв кога зајакот ја вовлекува во автомобилот и не е свесна дека многу години подоцна, повторно ќе го види својот лик во огледало.

Откако поминува 15 години во заробеништво, телото на Саманта е оставено во близина на мочуриште, со скршена нога, гребаници по телото, но сепак жива. Нејзиниот страв, нејзиниот најголем непријател е сеуште присутен и се труди да ја вовлече повторно во темнината. Доктор Грин со неговите несекојдневни методи е оној кој ќе се обиде да и помогне на Саманта да го открие идентитетот на чудовиштето и да го изведе пред лицето на правдата. Откако ќе ја слушне веста за пронаоѓањето на Саманта, која за јавноста како сеуште да има 13 години, приватниот детектив Бруно Џенко,кој ги брои последните часови на овој свет, ќе стори се за да го одржи ветувањето кое им го дал на нејзините родители одамна и да му влезе во трага на човекот-зајак, па макар да е тоа последно нешто кое ќе го стори во животот.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер