English French German Macedonian

Средба на директорите на двете библиотеки

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамките на завршната манифестација по повод на прославувањет на Светскиот Ден на книгата во НУ УБ „Св. Климент Охридски“ - Битола беше организирана стручна средба на директорите од националните установи од областа на библиотечното работење, Национална Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски од Скопје  Фримзим Даути и Национална Установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола м-р Бојан Стефановски.
На средбата беа присутни и билиотекарите  Вики Костова од кабинетет на директорот како и колешките од Библиографски центар при НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје, Валентина Дојчиновска-Илиоска, Наташа Бундовска и Софче Маркови, проф.д-р Добри Петровски од Педагошскиот факултет од Битола и претседателот на управниот одбор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола проф.д-р Јосиф Петровски.

Стручните лица од Битолската библиотека и библиотека од Скопје разменија искуства од тековното работење, можности за заеднички активности и пројекти, како и проблеми  од областа на библиотечното работење.
Директорите на двете национални установи имаа прилика да разговараат за организациската поставеност на вработените по одделни сектори и нивната подобра организираност,  за можности за унапредување на библиотечната дејност, за нивелација на платите во културата, можности за организирање на стручни средби, собири и конференции како и за унапредување на свесноста за важноста на професијата од страната на одговорните лица во државата.
После кратка посета на одделите од Библиотеката и разговор со вработените беше организирана промоција на научен труд прирачник „Библиографски опис на составни делови“ во издание на Национална и Универзитетска библиотека од Скопје. Следат повеќе фотографии на следниот линк https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157377087103679

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер