English French German Macedonian

Посета на Романската Универзитеска библиотеката

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамките на спроведувањето на проектот пРОМис за остварување на можности за едукација на возрасни кај ромското население, како и испитување на можности за стандардизација на ромскиот јазик, библиотекарите од НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола Фатма Бајрам Аземовска и Јелена Петровска на ден 16.04.2019 година, остварија средба со стручно лице вработен во Националната библиотека во Букурешт – Романија. Беа разгледани сите сектори од Националната библиотека и на две изложби кои што беа дел од актуелните настани во Библиотеката. Разговарано е за можностите за соработка, особено во делот за публикации кои се однесуваат на ромскиот јазик, како и други вредни и стручни книги и списанија. Разменивме искуства поврзани со достапни online базите на податоци, програми за каталогизација и искуства од библиотечните програми ALEF и COBBISS, како и искуства од работата со различни групи на корисници на библиотечните фондови. На работната средба се зборуваше и за можности за апликација на европските фондови кои ги подржуваат библиотечните програми. Библиотеката импресионира со својата нова градба и многу голем простор изграден уште во 1986, но комплетен лик и отворањето на библиотеката во 2012 година покажа вистинска вредност на „трезорот„ на националното литературно богатство и културното наследство на Романија. Корените на библиотеката може да се најдат во библиотеката на Света Сава. Библиотеката на Света Сава беше отворена во 1859 година, кога беа архивирани 1000 француски книги. По 1859 унија, библиотеката го достигнала националниот статут (Bibliotecă Naţională şi Bibliotecă Centrală - Национална и Централна библиотека) Во 1864 година библиотеката била именувана како Централна библиотека на државата (Biblioteca Centrală a Statului). Во 1901 година сите збирки биле прекинати во библиотеката на Романската академија. Како резултат на тоа, од 1901 до 1955 година, библиотеката на Романската академија го достигна националниот атрибут. Во 1955 година беше организирана Државната централна библиотека, која има атрибути на Националната библиотека. Во 1989 година, по распадот на комунистичкиот режим, Државната централна библиотека повторно беше преименувана во Национална библиотека на Романија. Следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157374387788679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер