English French German Macedonian

Работилница за млади „ Патување„"Voyageons en lisant“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Градејќи го концептот на место кое на своите граѓани им нуди сигурно, креативно и едукативно место за нивните деца, Библиотеката во соработка со Француската алијанса организира работилници за правење на е-книга.
Младата генерација размислува и делува многу брзо, технолошки напредно и заради тоа е потребно осмислување на програми кои ќе ги задоволат нивните когнитивни и перцептивни способности.
Ја пуштаме пораката за важноста на читање и правилно изразување, за творење и право на пристап кон информациите.
Деца од повеќе училишта ќе имаат можноста со едукаторите да прават заедничка електронска книга со која ќе патуваат и сонуваат следејќи го патот на книгата од Шпанија каде инспирирани од стар каталонски  обичај на подарување  книга и цвет, преку Англија, Франција и др. земји инспирирани од Шекспир, Серватес и Борхес ќе патуваме до Аргентина. Децата ќе ја внесат и својата лична приказна во изготвување на книгата, како и спремноста да работат заедно и да го  развиваат духот на соработка и взаемно почитување и толеранција.
На работилницата ќе се придружи и Коста Ќука како претставник на лица со попреченост со пишување на  инспиративни мисли на големи автори.
Проектот  е поддржан од Француски Институт Скопје

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер