English French German Macedonian

Јас и лидерот во мене

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Драги пријатели, себеистражувачи и сите оние кои вложувате во сопствената среќа успех, Подгответе се за едно поразлично мотивациско интерактивно дружење. Споделете ги вашите искуства и подгответе ги вашите прашања. Ви го најавуваме мотивациското дружење на тема „Јас и Лидерот во мене”. Настанот е во организација на НУ Универзитетската Библиотека „Св. Климент Охридски” – Битола во соработка со Универзитетското радио УКЛО ФМ и емисијата за личен развој „Лабораторија на идеи“. Настанот ќе се одржи на 26 февруари (вторник) со почеток од 18:00 до 19:30 часот во просториите на НУ Универзитетската Библиотека „Св. Климент Охридски‟ – Битола. Една поговорка гласи: Сонот напишан на хартија прераснува во цел. Целта разглобена на чекори прераснува во план. Планот ставен во акција прераснува во реалност. Од време на време размислуваме за тоа дали некогаш можеме и дали имаме способност да бидеме лидери и да се гордееме на она што ќе го постигнеме? Дали посакуваме преку нашето лидерство да си помогнеме себеси и на нашето семејство и околина? Но, често се појавува сомнеж, несигурност во нашите можности за реализирање на тој сон. А дали се познаваме доволно себеси? Придружете ни се заедно да се мотивираме, инспирираме и да научиме повеќе за нас и за лидерот во нас! Ќе дадеме одговор на повеќе прашања: - Дали себеси се гледате како лидер? - Свесни ли сте за фактот дека поседувате лидерски вештини? - Како да ги употребите истите? - Каков придонес можете да направите за себеси и вашето опкружување? - Што е потребно за да се биде успешен лидер? - Од лидерство до финансиски успех! На овој настан ќе се дружите со: - Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ е уредник и водител на емисијата за личен развој „Лабораторија на идеи“ што се емитува на Универзитетското радио УКЛО ФМ од 2011 година. Таа е новинар, телевизиски и радио водител, а своето образование го надоградува во полето на управување и развој на човечки ресурси. Како писателка, нејзината креативна енергија ја преточува во поетски и прозни дела. Нејзиното седумгодишно искуство како уредник на емисијата „Лабораторија на идеи“ и дава уште поголема енергија за да влијае на зголемување на свесноста за моќта што секој поединец ја има за својата конструктивна лична промена. Големиот број разговори од областа на психологијата, филозофијата и духовноста што ги реализира Елена, секојдневно придонесуваат за ширење на позитивната мисла што Создателот ја всадил во секое човеково битие. - Владимир Робевски е претприемач, 17 години присутен во бизнис секторот, сопственик на неколку фирми во Австралија и Македонија. Меѓу нив е и фирмата iSource со седиште во Битола која работи во областа на outsourcing на IT услуги. Робевски е роден во Македонија, а израснат во Австралија каде што го стекнува и своето образование како електроинженер. Преку долгогодишното вложување во својот личен развој и трансформација ја реализира својата визија еден ден да живее, создава и работи во своја фирма во Битола. Ве очекуваме на интерактивно дружење преку кое ќе го осознаете и препознаете ЛИДЕРОТ во вас! Влезот е СЛОБОДЕН!

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер