English French German Macedonian

Претставена книгата “Крај барата“ од авторот Љубе М. Митрејчевски

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во катчето наменето за најмалите читатели на библиотеката беше претставена книгата “Крај барата“ од авторот Љубе М. Митрејчевски. Промоцијата ја отвори и им посака добредојде на учениците, директорот на НУУБ “Св. Климент Охридски“ - Битола м-р Бојан Стефановски, а за книгата зборуваше и авторот. Оваа промоција на книгата пред најмалите, наменета токму за нив, беше  одржана на иновативен и креативен начин. На промоцијата беа присутни и активно беа вклучени учениците од ОУ “Даме Груев“ од Битола, под менторство на наставничката Нела Неделковска. Учениците кои не го криеја задоволството од присуството на промоцијата покрај со авторот на “Крај барата“, Љубе М. Митрејчевски имаа прилика да разговараа со битолските писатели Радован П. Цветковски, Добре Тодоровски и Демирхисарскиот писател и библиотекар Златко Бошевски. Учениците имаа доста прашања, во стилот колку е тешко да се напише книга, и многу други љубопитни  прашања, а гостите  битолските автори имаа трпение на сите да им одговорат  со многу љубов. Учениците на битолските автори им рецитираа песни кои го подготвија со наставничката Нела Неделковска, токму за оваа прилика. Авторот и библиотеката како награда на учениците  им ја подарија промовираната книга “Крај барата“, а авторот на сите ученици и присутни им напиша посвета. Ваквата непосредна промоција е одличен на најмалите да им се доближи библиотеката и да стекнат навика за читање книги. Повеќе фотографии следат на следниот линк https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10157175294953679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер