English French German Macedonian

Учество на семинар за унапредување на библиотечните услуги

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Националната установа Универзитеска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола и виш библиотекар Лидија Мирчевска  учествуваше на  семинарот на тема: „Унапредување на библиотечните услуги преку усовршување на кадри од областа на библиотечната дејност за давање услуги на лицата со тешкотии во читањето“.
Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје во соработка со Народната библиотека на Србија, а под покровителство на Министерството за култура на РМ  организираа семинар на тема: „Унапредување на библиотечните услуги преку усовршување на кадри од областа на библиотечната дејност за давање услуги на лицата со тешкотии во читањето“.
Семинарот  се одржа на  30 октомври 2018 година во Центарот за конференции и студии во НУБ „Св. Климент Охрдиски“ во Скопје.
Библиотечните услуги за лицата со тешкотии во читањето (слепите, слабовидните, со дислексија, дисграфија, глувите и наглувите, за оние кои не можат да ја држат книгата во раце итн.) треба да бидат составен дел на секоја библиотека денес, особено кога новите технологии ни овозможуваат олеснување, а достапноста на информациите преку разни медиуми придонесуваат за развојот на тие услуги и за подобрувaње на нивниот квалитет. Се прават напори да се создадат услови библиотечните услуги да им бидат достапни и на корисниците кои имаат тешкотии во читањето, односно на кои не им е достапен стандардниот печат. Но и издавачите, да станат посвесни за потребата за приспособување на книгите и со таков вид на издаваштво.
Обуката ќе овозможи библиотечниот персонал од Националната библиотека и од другите градски и локални библиотеки во Република Македонија - учесници на семинарот да се запознаат со тоа кои лица спаѓаат во категоријата корисници со тешкотии во читањето на стандардниот печат; со достапните формати и издаваштво во пристапни формати; со видовите пречки со кои се соочуваат корисниците со оштетен вид и другите лица со тешкотии во читањето; пристапност на информациите и публикациите на корисниците со тешкотии во читањето; помошната технологија (уреди, софтвери и помагала за читање и пишување); позитивна практика во давањето услуги на лицата со тешкотии во читањето и др. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156960788038679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер