English French German Macedonian

Прва заедничка средба на библиотекарите во Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

На иницијатива на Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола, се одржа првата заедничка средба на сите училишни библиотекари во градот Битола. Октомври е меѓународен месец на училишните библиотеки и претставува можност сите заедно да одбереме еден ден во октомври за да ја прославиме важноста на училишните библиотеки. Темата во 2018 година е "Зошто ја сакам мојата библиотека ". Оваа година се фокусираме на влијанието на училишните библиотеки и избравме тематска формулација за која веруваме дека ќе биде достапна за сите наши учесници (на возраст од 3 до 18 години). На средбата се дискутираше за заеднички активности што ќе го одбелат Месец октомври - меѓународен месец на училишните библиотеки. Директорот м-р Бојан Стефановски ги поздрави присутните библиотекари и изрази отворена соработка за сите активности, тој исто така ги презентираше можностите за соработка. Следната недела очекувајте не со новите активности. Библиотеките се институции во кои корисниците го наоѓаат својот мир и спокојство, библиотекарите им го даруваат своето знаење и искуство, што само по себе е предизвик достоен за респект и почит. Во библиотеките се сретнуваме со најразлични творечки објави, богатство од теми и мотиви кои и по бројност и по содржина имаат посебно место и значење за културните вредности кај ученици младите. Им благодариме на сите основни училишта за поддршката и присуството. На следниот линк следат повеќе фотографии  https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156897726758679

12.10.2018

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер