English French German Macedonian

„Управување со дигитални збирки: нови предизвици за јавните библиотеки“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола партнер во проектот „Управување со дигитални збирки: нови предизвици за јавните библиотеки“. Во општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш е реализирана дводневната работилница на која се разменети искуства на темата за дигитализација и местото на библиотеките во реализација на новите услуги кон корисниците, заштита на културното наследство и можности за поголема достапност на информации. Проектот е финансиран од Министерство за култура на Република Македонија и Општина Радовиш, додека НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола е партнер во проектот . Од страна на нашата библиотека, вработените м-р Јелена Петровска, библиотекар советник одржа предавање на тема „Дигитална библиотека – искуства НУУБ „Св. Климент Охридски“, Софтверски програм Greenstone 3 , додека темата „Практична упатство за инсталација и користење на програмата“ ја презентира Александар Крстев, библиотекар информатор.

Учесниците имаа прилика да проследат предавање со тема Дигитализација на библиотечното културно наследство со поднаслов Искуствата на НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје од раководител на Одделение за дигитализација Александар Рангелов. Особено корисни и пред се практични презентации и обуки за Модели на дигитализација во библиотеките, стратегии free source алати и програми како содржини од значење за локалната заедница, ги пренесе гостинот од Р. Србија Мирко Марковиќ, библиотекар советник и меѓународен консултант по библиотекарство.
Се водеше дискусија за смерниците и елементи на националната стратегија за дигитализација во државата, каде што беше посочена различитост на потребите за дигитализација на библиотечната граѓа на локално и национално ниво, каде во фокусот се пред се корисниците на библиотеките. Беа презентирани елементи за развој на стратегија на дигитализација во културата, со примери на добра пракса и избор на содржини во локалната заедница , како битен елемент за понатамошен развој на библиотечните институции како носители на културни и образовни програми во средината каде делуваат. Слободан Стевановски, директор на Општинска библиотека на Ковачица преку примерот на извонредниот труд на тамошните библиотекари кои успееја да внесат голем број на дигитални содржини од роднокрајните записи и историја на местото, зборуваше за моделите на дигитални мали библиотеки со примена на Lo Cloud hosting. Особена вредност на работилниците беа практични примери за најава во Lo Cloud hosting каде што учесниците сами внесуваа метаподатоци за одредена граѓа. Евалуација на работилниците и овој семинар покажа дека библиотекарите храбро и решително менуваат застарено мислење за функција на библиотеките, и ги позиционираат библиотеките како центри на заедницата кои управуваат со знаење и кои се носители на промени во квалитетното живеење на заедницата. На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156895264013679 и на страницата на http://www.innovalib.mk/vest-statija/68729/02-0310-2018-dvodnevna-rabotilnica-digitalni-biblioteki



 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер