English French German Macedonian

Други активности 07.11.2008 г.

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа ) ДЕВЕТТИ ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР НА МЛАДИ БИБЛИОТЕКАРИ
Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”
од Битола, на ден 07 Ноември 2008  година, во роднокрајното одделение со почеток во 12 часот го одржа деветтиот по ред општински натпревар на “Млади библиотекари” до 14 годишна возраст.
На натпреварот учествуваа вкупно 14 претставници по еден од сите Основни училишта од општините Битола, Могила и Новаци и од поголемите селски населби: Бистрица и Добрушево.
За подготовка на учесниците на натпреварот Библиотеката им го обезбеди новиот Прирачник за подготовка на кандидати за натпреварот Млади библиотекари од г-дин Миле Бошески директор на Народната и Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” од Скопје. Натпреварот го спроведе комисија од три члена и тоа: г-ѓа Јоланда Бошевска претседател, Драги Кабровски член и Илче Стојановски член вработени во Библиотеката. На почетокот од натпреварот натпреварувачите ги поздрави директорот на Библиотеката “Св. Климент Охридски” од Битола г-дин Науме Ѓоргиевски. Директорот на Библиотеката на сите учесници на натпреварот им врачи по една книга и Диплома за учество, а за прва, втора и трета награда Дипломи и вредни награди во книги од издавачот “Просветно дело” од Скопје
Првата награда ја освои ученикот: Мартин Јоновски од 8 б одделение при ОУ “Даме Груев” со 116 бодови од вкупно 120, втора награда освои Тамара Трајковска од 8  в  одделение. при ОУ “Елпида Караманди” со 110 бодови и трета награда освои Ивана Коруновска од 8 б одделение при ОУ “Коле Канински” од Битола. со 108 бодови.
Првонаградениот од овој Општински натпревар Мартин Јоновски према пропозициите се стекнува со право да ја претставува Библиотеката “Св. К;имент хридски”од Битола на Републичкиот натпревар за Млади библиотекари што ќе се одржи во Кочани на 21 Ноември 2008 година.
Сподели на Facebook