English French German Macedonian

„5 возбудливи авантури околу логорскиот оган“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Заедно со учителката Весела, дечињата од Битола ги откриваа тајните на Титаник, патуваа во средновековен замок, ги открија мистериите за пиратите и патуваа на мисија на Месечината, а сето тоа во едно место и во исто време, во детскиот оддел на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола. На подот ги пречека импровизиран логорски оган, сцена, предмети и книги кои со сигурност го ловат вниманието на децата. Кога ќе ги погледнеме темите и книгите кои беа избрани за обработка со деца на рана училишна возраст, не можеме а да не забележиме за колкав предизвик се работи.

Полни со информации, научни факти и податоци од истражувања, напишани со богат речник соодветен за возрасни, доближани преку игри и истражувачки предизвици. Наместо да зборува, поттикнува и прашува истовремено во неколку групи со различни теми, учителката својата работа ја организирала мудро „без зборување“ преку инструкции, предизвици и логички задачи кои „флертуваат„ со читателот, скриени во теглички и ковчези.
-Првиот предизвик за мене е тоа што групата е секогаш нова, а децата од различна возраст во самата група за тој ден. При осмислување на активностите морам да планирам за сите возрасти и да бидам спремна да направам насочување на активностите на терен, согласно возраста на присутните. Не ми се познати навиките на дечињата, нивните способности ниту интереси и немам време да ги запознавам. Вториот предизвик беа самите теми и содржините на книгите, но навистина верував дека ќе најдам начин како да им ги приближам на дечињата. Најголем предизвик беше тоа што одлучив неколку навистина комплесни теми и книги да обработувам во исто време, преку работа на децата во центри и нивна ротација. Жал ми беше да се откажам од некоја од темите бидејки бројот на работилници е ограничен и веќе предвиден за други теми.„Пиратите“ споредуваа информации од два различни извори за информирање, читаа за да си играат, цртаа свои мапи и го криеја своето богаство на пуст остров обелажан со координати.
Истражувачите во средновековниот замок ловеа „избегани“ зборови низ страниците на книгата. Зборовите се криеја во ковчег, запишани во различни бои за посебни страници. Се запознаа и со најпознатите замоци во светот додека соработуваа меѓусебно за да ја завршат својата мисија, а можевме да видиме и како би изгледал нивниот замок доколку би имале прилика да го изградат и да живеат во него. Истражувачите на Титаник истражуваа одговори на интересни прашања од работниот налог во кој учителката замолува за помош. Преку одличен избор на прашања во форма на истражувачки предизвици, видовме како книгата за Титаник може да биде соодветно обработена и со оваа возраст на дечиња, иако нејзините страници се вистинско богатсво и огромен предизвик полн со информации и за нас возрасните. Истражувачите на Месечината читаа интересна „измешана“ приказна со избрани податоци и факти, а потоа ги споредуваа преку истражување низ страниците на книгата „Мисија на месечината“. Открија многу нови податоци и фотографии привлечни и за децата и за возрасните, нацртаа како би изгледал нивниот дом кога би биле жители на Месечината.
Сега се прашуваме која литертура е соодветна за децата. -Секоја- вели учителката Весе. Секоја книга и тема која ќе го привлече вниманието на децата може да биде соодветно доближана со помош на возрасните. Не можеме да очекуваме дека детето само ќе може да ја прочита на пример книгата „Во потрага по диносаурусите“ дури и ако ја избере поради шарените страници. Таа книга е полна со детални информации и поими од науката, но штета би било да му ја земеме од рацете и да го упатиме да избере друга детска, кога и во оваа книга има интересни игри и читачки предизвици кои сосема одговараат или лесно можат да прилагодени дури и за предучилишна возраст. Заедно со нас возрасните како партнери за време на читањето, многу книги можат да бидат мотивација и инспирација за читање, понатамошни истражувања и развој на различни интереси кај децата.

Работилниците се дел од годинешниот Бит Фест 2018, поддржани од Општина Битола. На следниот линк следат повеќе фотографии од настанот 
https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156649250588679

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер