English French German Macedonian

55 издание на „Рациновите средби“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Со доделување на наградите, во Народниот театар во Велес, заврши 55 издание на поетската манифестација „Рацинови средби“. Рациновите средби завршија со концерт на етно групата „Љубојна“. Годинава, се одбележуваат 110 години од раѓањето и 75 години од смртта на Коста Солев Рацин.

Рациновото признание за 2018 му беше врачено на Игор Станојоски за романот „Диссомнии“ во издание на „Антолог“, а Почесното Рациново признание на Дијана Влатковиќ и д-р Борјана Прошев-Оливер од Хрватска за Хрватско - македонски речник. Наградата „Антологија на болката“ за електронска објава ја доби Емилија Каранфиловска за „Изградив дом во твојот поглед“.

Професор д-р Христо Петрески, член на жири комисијата, појасни дека ова е најзначајното признание во Македонија што се доделува за проза.

„Тоа значи дека нема автор во Македонија којшто не го посакува. Јас заедно со професор д-р Луан Старова и професор д-р Венко Андоновски како жири комисија имавме тешка и одговорна задача да го одбереме добитникот во куп од 20 дела. Читавме романи и раскази, а конкуренцијата беше мошне сериозна“, рече Петрески.

Петрески додаде дека „наградениот роман е компактно и комплексно дело, за извонреден ракопис, книга за која верува дека ќе биде во самиот врв на македонската прозна продукција и која ќе си го најде патот до читателите. Наскоро на „Рациновите средби“ ќе се доделува и награда за најдобра поезија, не само на поети од Балканот, туку и од целиот свет“.

Добитникот на Рациновото признание, 39-годишниот Игор Станојоски во изјавата за МИА потенцира дека наградата за него има големо значење.

„Мислам дека наградите претставуваат мотивација за писателите да продолжат со творештвото, но тоа според мене има помало значење, бидејќи писателот не треба да чека награди за да има мотивација. Мислам дека наградите се мотивација за читателите кон квалитетната литература и многу е важно наградите да се доделуваат праведно за да им дадат правилен патоказ на читателите“, изјави Станојоски.

Станојоски појасни дека идејата за романот потекнува од 2014 година.

„Идејата за романот потекнува од 2014 година и периодот на инкубација траел до пролетта 2017 кога се зафатил со активна работа од пет-шест месеци. Идеите беа црпени од некои настани што се случија на преломот од 2013 и 2014 година во врска со воената револуција во Украина од што потекна првата и главна идеја за овој роман“, нагласи Станојоски.

Добитницитe на Почесното Рациново признание најавија и македонско-хрватски речник.

Превземено од:
https://www.mkd.mk/kultura/so-dodeluvanje-na-nagradite-zavrshija-racinovite-sredbi-2018

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер