English French German Macedonian

Тринаесетта роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Тринаесетта роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија што се одржа на 08 јуни (петок), во просториите на Националната установа - Универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски" Битола. Писателите  излагаа / разговараа на тема: “Моите емотивни изблици преточени во збор”.
Воведен збор имаше в.д. директорката м-р Јелена Петровска која истакна дека оваа традиционална средба е општествена и културна мисија за зачувување на вистинските вредности, мајчиниот јазик, културата и пишаниот збор, воопшто... Книгите се наши сојузници во ширењето на образованието, науката и културата, како и информации насекаде во светот...
Беа накратко изнесени петнаесет (15) излагања од пријавените писатели: Владимир Костов, Христо Петрески, Радован П. Цветковски, Добре Тодоровски, Ванчо Полазаревски, Петко Шипинкаровски, Петре Димовски, Ѓорѓи Прчков, Никола Кочовски, Даниела Андоновска Трајковска, Гордана Стојаноска, Мирјана Стојановска, Весна Мундишевска Вељановска, Ванде Ганчевски, Сања Мучкајева Видановска, Биљана Димко Талевска и други.
Средбата се одвиваше во две сесии и после секоја сесија присутните студенти од Педагошкиот факултет Битола поставуваа прашања, како: Што е потешко да се пишува, поезија или проза? Кој е патот по кој настанува едно дело? и тн. На најактивните студенти им беше подарена по една книга од писателот Радован П. Цветковски, а на другите присутни им беа подарени списанија Библиотечен тренд и Зборник од последната 12. Роднокрајна средба. На писателите – учесници в.д. директорката м-р Јелена Петровска им врачи благодарници. Посебна благодарност до професорките од Педагошкиот факултет Битола Даниела Андоновска Трајковска и Виолета Јанева за придонес во организацијата со студентите - учесници. После Средбата на студентите им беа дадени прашалници за евалуација на Средбата. Резултатите  покажуваат дека Средбата беше на одлично ниво и повеќето анкетирани се изјаснија дека се потребни повеќе средби од ваков вид.
На сите присутни студенти им беше подарено едногодишно бесплатно членство во Библиотеката.


Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер