English French German Macedonian

„Моќта на мислата“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Драги пријатели,
На наше големо задоволство на датум 12 Јуни (вторник) со почеток од 18:00 до 19:30 часот во просториите на НУ Унивирзитетската Библиотека “Св. Климент Охридски” – Битола ќе се случува прекрасен мотивациски семинар, на кој говорници ќе бидат Катерина Ангеловска и Елена Ѓ.Костадиновиќ. Настанот е во организација на НУ Универзитетската Библиотека “Св. Климент Охридски” – Битола во соработка со Универзитетското радио УКЛО ФМ и емисијата Лабараторија на идеи. Ве покануваме да бидете дел од ова дружење, ќе зборуваме на теми кои сигурно ќе ја разбудат вашата мотивација, инспирација и креација, и ќе ве подготват за успех преку трансформација на вашите мисли.
Големиот Никола Тесла рекол: “Доколку сакате да ги пронајдете тајните на Универзумот, мислете во услови на енергија, фреквенција и вибрација”. Дали знаете дека при создавањето на човекот, од сите убави енергии кои ги користел Создателот, нам како човечки битија ни ја дал најсилната енергија?! Енергијата на човечката мисла. Со оваа енергија секој човек има можност да созададе реалност каква што сака. Зарем не е фасцинантно и триумфално да знаете дека вие ја имате привилегијата да создадете свет кој го посакувате, за вас и за луѓето околу вас!? Како? Преку своите мисли.
Ова се дел од прашањата за кои ќе говориме:
Што е мисла?
Како мислата влијае на вашиот живот?
Колку сме свесни за сопствените мисли?
Дали е само позитивното размислување или има и нешто повеќе од тоа?
Што ќе добиете со посета на овој мотивациски семинар:
Постигнување свесност за сопствените мисли;
Создавање услови за креативна околина;
Како со помош на сопствените мисли да искреирате посакувана реалност.
Не е важно каква е вашата моментална состојба, важно е дека вие можете да ја промените!
Бидете лидери на сопствениот живот!
Донесете одлука и одберете ја својата реалност, со чиста и највозвишена мисла. Бидејќи кога ќе донесете одлука и ќе направите избор – магијата започнува. Вие тоа го заслужувате!
Говорници на семинарот ќе бидат:
Катерина Ангеловска е тренер за личен и професионален развој, мотивациски говорник и автор на книгата „333 Афирмации“.
Програмата за личен развој по која ја препознаваме Катерина е базирана според принципите за успех по методот на Jack Canfield www.jackcanfield.com. Оваа програма е фокусирана на професионален и одржлив развој. Вклучува различни техники и алатки за личен развој и психолошките теории се дел од секојдневната пракса. Во соработка со секој учесник, Катерина помага во процесот учесниците на нејзините работилници да ја пронајдат личната креативност, да ги препознаат и остварат сопствените цели, мисијата и визијата, да ги подобрат сопствените потенцијали и ефикасноста на личните перформанси.
Таа води разновидни обуки и работилници и целосно е посветена на мотивирање, инспирирање и тренинг на денешните генерации, со цел да ја пронајдат големината и моќта во себе, и да станат творци на својот живот. Нејзината работа, пораката која што ја пренесува, енергијата и личниот коучинг стил, придонеле во последниве неколку години да помогнат на голем број индивидуалци да ги остварат своите соништа.
Минатата година Катерина ја издаде својата прва книга 333 Афирмации која достигна големи успеси во Македонија. Оваа книга е лична збирка на Катерина, преку која не води низ светот на позитивната творечка мисла. Таа верува дека развојот на позитивната состојба на умот е една од најмоќните животни стратегии. Афирмациите како техника за позитивно размислување се дел од нејзината програма. Книгата е преведена на Албански јазик и на Англиски јазик (Kindle верзија).
Повеќе за Катерина и нејзината работа можете да прочитате на www.katerinaangelovska.mk
Елена Ѓорѓиевска Костадиновиќ е уредник и водител на емисијата за личен развој „Лабораторија на идеи“ што се емитува на Универзитетското радио УКЛО ФМ од 2011 година Таа е новинар, телевизиски и радио водител. Како писателка, нејзината креативна енергија ја преточува во поетски и прозни дела.
Нејзиното седумгодишно искуство како уредник на емисијата „Лабораторија на идеи“ и дава уште поголема енергија за да влијае на зголемување на свесноста за моќта што секој поединец ја има за својата конструктивна лична промена. Големиот број разговори од областа на психологијата, филозофијата и духовноста, што ги реализира Елена, секојдневно придонесуваат за ширење на позитивната мисла што Создателот ја всадил во секое човеково битие.
Влезот е слободен

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер