Најавување

English French German Macedonian

23 АПРИЛ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА И АВТОРСКИТЕ ПРАВА, 2018

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

По повод одбележувањето  на 23 АПРИЛ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА КНИГАТА И АВТОРСКИТЕ ПРАВА, Националната установа Универзитеска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола  и Здружение на уметници ракотворци на Македонски ракотворби – Битола,  организираат работилница за изработка на бук маркери.

Ги повикуваме сите заинтересирани лица  кои сакаат да учествуваат на настанот за изработка на бук маркери да испратат маил на : Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со назнака  - работилница за изработка на бук маркери.

Работилницата ќе се одржи на ден 19.04.2018 година.

Дополнително сите заинтересирани  лица ќе бидат известени за часот и местото на одржувањето на работилницата.

По повод 23 април  Светскиот ден на книгата и авторските права ќе следат повеќе активности во Библиотеката  за одбележување  на денот и популаризацијата на книгата.

Инаку 23-ти април, денот кога светот го напуштија двајца великани во книжевноста, Мигел де Сервантес и Вилијам Шекспир, секоја година се слави како Светски ден на книгата и авторските права.

Светскиот ден на книгата започнат е да се празнува од 1995 година, а е прогласен од страна на УНЕСКО. Целта е да се оддаде признание на книгите и писателите и луѓето повторно да го пронајдат задоволството во читањето или да продолжат да уживаат во пишаните дела.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер