English French German Macedonian

„Она што не и кажав на мојата учителка....“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во рамките на тридневното одбележување на празникот 8- ми Март - Меѓународниот ден на жената, Организацијата на жени Битола, во партнерство  со Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола, ги додели наградите од конкурсот за краток расказ на тема „Она што не и кажав на мојата учителка....“.
Првата награда ја доби Ана Георгиева од Штип, втората награда е доделена на Божана Тренчевска од Прилеп, а третата  награда отиде во рацете на уште една штипјанка, Нина Стојанова. -Годинава по објавениот конкурс пристигнаа 26 кратки раскази, а освен од Битола, пристигна еден расказ од Хрватска и Германија,  како и од неколку раскази  од другите делови на Македонија.
Прво и трето место освоија автори на кратки раскази од Штип, а второто место го доби авторката на расказ која е  тутунска работничка од Прилеп, рече Светлана Петковска, претседател на Организација на жени од Битола.
Пристигнатите творби на одредената тема беа со особен квалитет, креативност и чуствствителност во својот израз, така што комисијата мошне внимателно и со особено задоволство ги разгледа сите пристигнати текстови. Учесниците на овој  конкурс се една  нова генерација на литературни творци, кои треба да е поддржуваат и поттикнуваат на понатамошно креативно творештво рече Илче Стојановски вработен во НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола и член на  жири комисијата . На следниот линк следат повеќе фотографии https://www.facebook.com/pg/nuub.mk/photos/?tab=album&album_id=10156358941063679

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер