English French German Macedonian

Елиф Шафак, новиот автор на „Библиотека на иднината“

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Малкумина слушнале за проектот „Библиотека на иднината“, кој е започнат од страна на уметникот со шкотски корени Кејти Патерсон - која се јавува како автор на овој проект и всушност во рамките на исиот секоја година се избира по еден автор кој се согласува неговото дело (напишано специјално за овој проект) да биде објавено по дури сто години.

Колку и да звучи ова неверојатно, сепак проектот започна во летото - 2014 година и беше поддржан од локалната самоуправа на градот Осло (Норвешка), каде и всушност се засадија дрвата од кои што ќе бидат отпечатени на хартија делата на овие автори.

Избраниот автор за 2017 година, Елиф Шафак изјави дека е почестена што ќе им се придружи на Атвуд, Мичел и Сјон во проектот „Библиотека на иднината“. „Се работи за мошне необичен проект, покренат од срце и по многу размислувања – има толку многу верба во него“, изјави таа. „Целата оваа идеја за пишување книга која, се надевам, ќе биде прочитана во иднина за мене е како сега да напишам писмо и да го пуштам по некоја река. Не знаете каде ќе отплови и кој ќе го прочита – вие само верувате во текот на времето“.

По Маргарет Атвуд, Дејвид Мичел (авторот на „Атлас на облаците“) и Сјон (исландски текстописец, поет и романсиер, автор на „Сината лисица“), Шафак е четвртиот автор чие дело ќе биде отпечатено по 97 години. Дотогаш дрвјата насадени за оваа цел во шумата близу Осло ќе бидат доволно пораснати за да бидат исечени и од нив да се направи хартијата на која ќе бидат отпечатени делата кои сега се во ракопис. Дотогаш тие ќе бидат чувани во сеф и никој нема да ја знае нивната содржина.

Доколку сакате да се запознаете со творештвото на Елиф Шафак, во нашата библитоека можете да ги најдете следните наслови: „Чиракот на архитектот “, „Чест“, „Четириесет правила на љубовта : книга за Руми“ и „Копилето од Истанбул“.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер