English French German Macedonian

„Брик Лејн“ - Моника Али

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Откако ќе се омажи со Чану, 20 години постар од неа, Назнин е одведена во Лондон, напуштајќи го својот дом во Бангладеш. Новиот свет е полн со тајни. Како добра и послушна муслиманка, се обидува да не поставува многу прашања, туку да се грижи за сопругот и за ќерките. Но ненадејно сретнува привлечен млад човек, и ова еротско будење ги претвора нејзините претходни навики во хаос. Привидот на животниот мир ќе го скрши токму Карим, кои ќе и` наметне бројни дилеми за личните желби и за припадноста во општеството, ќе и ги отвори очите, но она што на крајот ќе го види, ќе ги изненади двајцата. Додека се движи по патеката на својата самореализација, патека на која ја прогонува духот на нејзината мајка, во Бангладеш сестра и` Хасина влетува од белја во белја. Во својот интимен свет кој е оформен, но не е и целосно ограничен на спомените и на местата во кои живеат, двете сестри се обидуваат во соништата да побегнат од правилата кои им се наметнати.
Велелепниот роман на Моника Али е книга за патувањето, внатрешно и надворешно, при што прекрасното и ужасното се испреплетуваат во едно.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер