English French German Macedonian

Амбасадорката Рената Коблер ја предаде овогодишната донација на книги

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Н.Е. м-р Ренате Коблер-Амбасадор на Република Австрија во Република Македонија на ден 13.12.2017 ( среда)  ја посети Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола и на директорот на НУУБ м-р Јелена Петровска и ја предаде овогодишната донација на книги за Австриската библиотека во Битола.
Донацијата со која  ќе се збогати библиотечниот фонд на Австриската библиотека во Битола се состои од:
•    литература од австриски писатели,
•    литература од германски писатели,
•    методски прирачници за наставници по германски јазик,
•    учебници и работни тетратки во издание на Австрискиот фонд за интеграција (Österreichischer Intergrationsfonds),
•    лексикони за австриската книжевност и стручна литература од областа на информатиката по барање на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола (ФИКТ).

 

Ученици од ОУ „Елпида Караманди“ -  Битола кои го изучуваат германскиот јазик под раководство на проф. Билјана Митковска - наставник по германски јазик, при оваа посета на Н.Е. Ренате Коблер-Амбасадор на Република Австрија во Република Македонија  го презентираа проектот „Читање и преведување на дела од литература за деца и млади - романот „Katzenmusik“ од Renate Welsh“. 
Овој проект беше еден од проектите со кои Австриската библиотека, НУУБ „Св. Климент Охридски“ и Почесниот Австриски конзулат во Битола го одбележаа фестивалот „Австрија чита 2017“  "Österreich liest 2017", а истиот се организира секоја година во Република Австрија и во сите Австриски библиотеки ширум светот.
Учениците на германски јазик исто така   претставија биографски податоци од Ренате Велш (австриска писателка за деца и млади - која ќе гостува во Битола во март 2018) и ја прочитаа прераскажаната приказна „Мачкина музика“, кое дело двојазично  и го подарија  на Амбасадорката Коблер.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер