Најавување

English French German Macedonian

Доделена наградата „Балканика“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Меѓународно жири, составено од седум реномирани книжевни критичари од секоја држава, на чело со претседателот на жири-комисијата, професорот Ендрју Вахтел од САД, овој викенд одбраа по една најдобра книга за 2015 и 2016 година, од исклучително квалитетната понуда за доделување на наградата „Балканика“.

Турскиот писател Мурат Озиашар бeше прогласен за добитник на наградата „Балканика“ за 2016 година за неговата книга „Црн хумор“ (Yellow laugh). Меѓу седумте кандидати за наградата, од Македонија беше Лидија Димковска, со романот „Но-Уи“ („Или-Или“).

Наградата за 2015 година ја доби Башким Шеху, писател од Албанија кој живее во Барселона, за книгата „Играта на падот на небото“ (The Game, the fall of the sky). Наш кандидат за оваа награда лани беше Владимир Јанковски со романот „Невидливи љубови“ на „Антолог“.

Фондацијата Балканика е основана 1996 година, од страна на релевантни издавачки куќи од седум држави од Балканот: Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Грција, Турција и Романија. Седиштето на Балканика се наоѓа во Софија, Република Бугарија, а претседател е  Николај Стојанов.

Во Балканика членуваат по една реномирана издавачка куќа од секоја од седумте држави-членки на Фондацијата. Одржувањето на книжевната манифестација ротира кај секоја од државите членки.

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер