Најавување

English French German Macedonian

Обука на тема „Комуникациски вештини“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

НУ Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“  - Битола и “Европски институт за менаџмент, право и дипломатија“ – Скопје Ве поканувaат на обука на тема„Комуникациски вештини“, 1 декември 2017 година, со почеток  во 11 часот

Поради постојаните промени во технологијата на знаење, потенциjалот и компетенциите на библиотечниот кадар треба се повеќе да се усовршуваат и повеќе  да се вложува во сопственото знаење.
Изградување на професионален и посветен однос кон корисникот бара од библиотекарот знаења,  како и соодветни вештини за справување со се посложените барања на работното место.
Од другата страна професионално усовршување во областа на библиотечното работење е предуслов за учество во стручните семинари, работилници,  конференции и претставува  основа за стекнување на библиотечните звања и напредок во кариерата.
За таа цел вработените од одделите при НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, како и други библиотекари, заинтересирани лица од регионот и пошироко ќе имаат можност  да се усовршуваат во областа на работа со странки и техники на успешна презентација.


Обуката на тема „Комуникациски вештини“,  ќе се одржи на ден 01.12.2017 година (петок) со почеток во 11 часот, додека обуката на тема „Говор на тело“ ќе се одржи на ден 02.12.2017 година (сабота).
Двете обуки ќе се одржат  во просториите на НУ Универзитеска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола.

 

 

 

 

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер