Најавување

English French German Macedonian

Обука за комуникациски вештини

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Почитувани,
Со особена чест и задоволство, „Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија“ во соработка со Национална установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола Ве покануваат на семинар на тема „Комуникациски вештини“.
Семинарот е наменет за библиотекари.
Вие и Вашата институција сте запознати со потребата и значењето на комуникациските вештини како основен предуслов за успех во работењето.
Ве покануваме да бидете наш почесен член на ЕУ Институтот и да бидете дел од Семинарот заедно со Вашиот тим на вработени.

На оваа едукативно - практична работилница нудиме можност на сите заинтересирани да ги совладаат следниве теми:
1. Однос корисник - странка
2. Презентациски вештини  
На оваа едукативно - практична работилница на кои ќе се работи на семинарот се значајни за продуктивноста при работењето во колектив, со странки, но и индивидуално.
Ви испраќаме отворена покана до Вас, но и до сите заинтересирани вработени за присуство на оваа интерактивна работилница.   
Котизацијата по лице чини 2000 денари.
Терминот за одржување на оваа работилница е 1 декември 2017 година (петок), со почеток во 11 часот, во просториите на Библиотеката во Битола.
Пријавувањето треба да се изврши и уплати најдоцна до 29-ти ноември и тоа на: 075 228 078 и на маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите - Скопје
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Битола.
Семинарот е интерактивен и ќе биде во форма на практична работилница.
По обуката следува свечено доделување  на сертификати.

 

Сподели на Facebook
Барај книга
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер